Кога љубовта ќе ги надмине годините: Тие се во брак 68 години и сè уште се среќно заљубени
Фотографката Маеган Лутц била пресреќна кога била поканета да фотографира пар кој е во брак веќе 68 години. „Двојката дели ретка љубов која никогаш не сум ја снимила. Дури и по 68 години заедно, тој беше маѓепсан од неговата сопруга!“, вели Маеган. Вљубениот пар има 2 деца, 6 внучиња и 4 правнучиња. Исто така тие заедно патувале во сите 50 држави во САД. Маеган вели дека тие се однесуваат како средношколци и го ценат секој момент од животот. Без разлика дали се шетаат, фотографираат или гледаат телевизија тие се држат за раце. Еве како изгледа кога љубовта ќе ги надмине годините!