Лек против кашлица, наменет за децата
Нашите најмили во овој период често имаат проблеми со кашлица, за да ги избегнете лековите обидете се со овој природен рецепт, оставен од нашите баби и мајки, да се справите со кашлицата.
Состојки
- Домашен мед
- Маслиново масло
- Брашно
Првин измешајте малку брашно и маслиново масло, а потоа додадете го медот. Мешајте добро додека смесата не стане хомогена и потоа ставете ја смесата на салфетка, а врз неа ставете газа. Потоа газата ставете ја на грбот на детето, или градите и прицврстете со леплива лента. Најдобро е да го правите ова три часа пред да си легне детето.