Вкусен универзален колач кој може да се направи со сите есенски плодови
Овој колач може да се направи со речиси сите есенски плодови – јаболки, круши, сливи, дури и грозје (без семки). Кога го сецкате овошјето поголеми и различни парчиња, толку ќе биде повкусен слаткиот колач.
Состојки
- 1 грст ореви
- 4 Јајца
- 100 г путер
- 1.5 ч брашно
- 1,5 чаши шеќер
- 4 Јаболка
- 1 лажица Цимет
- 3 лажици Кафеав шеќер
Начин на подготовка
Измијте ги јаболката и излупете ја кората. Исечете ги на големи парчиња. Додека го подготвувате тестото држете ги јаболката во сад со вода за да не потемнат. Изматете ги јајцата и шеќерот со миксер додека не добиете густа жолта смеса. Додадете го растопениот путер и мешајте полека. Сипете брашното и прашокот за пециво, мешајќи со лажица. Подмачкајте ја тавата за печење со зејтин. Истурете го тестото и одозгора ставете ги сецканите јаболка. Посолете со цимет и кафеав шеќер за да добиете убава глазура.
Печете во претходно загреана релна на 185 степени, 45 минути.