Мажите со овие хороскопски знаци ги третираат своите жени како кралици
Секој хороскопски знак има свои добри и лоши карактеристики. Мажите кои се претставници на овие хороскопски знаци на своите сопруги им приготвуваат навистина кралски третман, како во животот, така и во спалната соба.
Лав
Лавот ја третира неговата сопруга како кралица, особено во креветот. И ова е затоа што тој знае дека ако тој го добие вашиот интерес на овој начин, тој ќе доживее сè што сака да го доживее, како во кревет, така и во животот. Дури и да не е секогаш сериозен во односите, додека се разбирате и сте задоволни, среќата ќе биде присутна и за двајцата.
Овен
Мажите Овни се многу приврзани кон своите партнери и имаат потреба да се чувствуваат први во сè. Многу се сензуални и сочувствителни, точно знаат што треба да го чуете кога се чувствувате лошо. Исклучително досетливи, претставниците на овој знак ќе Ве разбудат со кафе во кревет, ќе Ви го зготват омилено јадење и ќе се уверат дека и најмалите детали се како што треба. Тие можат да го претворат времето поминато со нив во вистинско задоволство и незаборавни сеќавања. Мразат баналноста и често ќе Ве изненадуваат пријатно.
Вага
Вагите кои ги води Венера се комбинација од убавина и скромност. Најпрво ги ставаат Вашите омилени интереси и се обидуваат да ги задоволат во секој поглед. Ова е совршена комбинација на еден романтичен и мудар човек. Нивниот единствен проблем е дека љубовта ги тера да прават работи кои не секогаш можат да си дозволат. Кога тоа ќе се случи, тие го нарушуваат балансот и тешко се враќаат назад кон него.