Приватен детектив посочува 4 знаци кои укажуваат дека сопругот изневерува
Дејвид Кинг, извршниот директор на „Lipstick Investigations“ објаснува кои се најчестите знаци при изневерувањето од страна на мажите. Според него, жените кои доаѓаат кај приватните инспектори се во право во 80% од случаите. Тоа е затоа што тие можат да забележат детали за кои нивните сопрузи не се грижат.
Прв знак
Првиот и најистакнатиот знак е кога Вашиот маж или дечко почнува да се грижи за себе многу повеќе отколку што го правел тоа порано: тој има нова колонска вода, нова фризура, нов стил на облека. Ако сметате дека не сака да поминува многу време со Вас, тогаш е многу веројатно дека сопругот Ве иневерува.
Втор знак
Не е ништо страшно кога мажите и жените имаат лозинки на нивните телефони и лаптопи, но доколку претходно Вашиот сопруг немал и одеднаш решил на се да стави лозинки и се однесува хистерично кога ќе му го побарате телефонот, тогаш сигурно има добра причина за тоа.
Трет знак
Неговото однесување станува нервозно и агресивно. Се расправа за ситници и банални работи, а секогаш кога ќе му заѕвони телефонот излегува во другата соба. Тој со своето расправање сака да ја обвини жената за нешто за тој самиот да не се чувствува виновен.
Четврт знак
Доколку Вашиот сопруг кој претходно сакал да излегува со Вас сега Ве избегнува и сам оди на друштвени собирања, тогаш многу е веројатно дека тој има друга.