Синусната инфекција може да се појави од повеќе причини. Најчесто е предизвикана од патогени микроорганизми, како што се вирусите, бактериите или габичните инфекции, кои се развиваат во синусите и предизвикуваат привремени блокади во шуплините. Исто така, оваа инфекција може да се јави поради алергиска реакција или нивна иритација. Со помош на овој рецепт ќе ја ублажите и излекувате синусната инфекција.

Состојки:

  • 1/2 шолја чиста вода за пиење
  • 1/4 шолја јаболков оцет
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица бибер
  • 1 исцеден сок од лимон

Сварете ја водата, а потоа ставете ја во шолја. Додајте го јаболковиот оцет и промешајте, па оставете да се излади на собна температура. Откако ќе се излади додадете бибер, мед и повторно мешајте. На крајот додадете лимонов сок и добро измешајте. Пијте на празен желудник.