5 психолошки причини кои објаснуваат зошто луѓето не губат тежина дури и со вежби и диети
Понекогаш некои луѓе многу вежбаат, се држат до строга диета и немаат здравствени проблеми, но сѐ уште не можат да изгубат тежина. Дали знаете зошто? Затоа што тежината им е од корист. Ова се 5-те големи психолошки бариери што нè спречуваат да ја изгубиме несаканата тежина и покрај здравата исхрана и редовното вежбање.
5. Да се биде со прекумерна тежина е корисно!
Да, тоа е од корист бидејќи можеме да ги поврземе нашите проблеми со прекумерна тежина:
- Немате сродна душа?
- Работата од соништата е далеку?
- Недостижни животни цели?
Многу е погодно да се обвинува прекумерната тежина за нашите проблеми, бидејќи ако го немаме тој проблем, би било очигледно дека причините за нашите проблеми се во нас. Се разбира, никој не сака да биде разочаран од самиот себе, и токму затоа нашата тежина не се намалува, дури и ако редовно ја посетуваме теретаната. Нашата потсвест не дозволува да се случи тоа.
4. Тоа е одличен изговор за сопствената мрзеливост.
Сите ние сакаме да ги оставиме работите за наредниот ден, месец, годината. Луѓето кои имаат прекумерна тежина сакаат да ги одложат своите планови до следниот живот – кога ќе бидат тенки и мали. Тоа е одличен изговор: „Сакам да научам како да танцувам, но не можам затоа што сум со прекумерна тежина. Кога ќе ослабнам, тогаш ќе почнам да тренирам секој ден и ќе станам ѕвезда на сите забави. Но засега фала му на Бога нема потреба да тренирам толку напорно, ќе си каснам малку па ќе си легнам.“
3. Тоа е начин да се привлече љубов и внимание.
Кој не сака да се жали? Има толку многу луѓе околу нас кои сакаат да нè утешат, да се сожалат врз нас, да нè љубат и да се грижат за нас и ние да се чувствуваме како центар на универзумот. Строга диета и тежок тренинг се прекрасни причини за секојдневно кукање. Па зошто да се изгуби тоа?
2. Тоа е начин да се избегнат несаканите мисли и емоции.
Дали некогаш сте забележале дека луѓето под стрес јадат многу, дури и ако тие се на диета? Тоа се случува затоа што тие не се способни да ги согледаат своите вистински емоции, особено ако се научени да ги сокријат од детството – „Не плачи! / Не се жали! Сега си возрасен!“ Затоа чувството на анксиозност понекогаш се смета за уште едно чувство: глад, на пример. Како резултат на тоа, наместо да посетуваат психотерапевт, кој може да ги научи да се справат со своите емоции, тие посетуваат фрижидер и покрај барањата на нивниот тренер.
1. Тоа е начин да не се реши проблемот со самодоверба.
Несоодветна самодоверба е уште една психолошка пречка за губење на тежината. Ако некој што седи пред нутриционист сака да ги повторува зборовите како „моите убави колкови“, „големите образи се мојот стил“ или слично значи дека сака да остане во состојбата во која што е моментално. Истата афирмација работи и со мисли за наследноста. На пример: „Мајка ми беше со прекумерна тежина, и јас сум“.
Па, ако сакате да продолжите со семејната линија на дебелина, тоа е ваш сопствен избор и нема потреба да се мачите себе си со вежбање и исхрана. Сепак, научниците тврдат дека генетската дебелина е не е неизбежна, туку само дава предиспозиција за тоа. Затоа обидете се да ги избегнете негативни предиспозиции во вашата глава. Ако сакате да го решите проблемот, решете го и не се враќајте назад.