Бабата мислела дека се грижи за три мачки, додека нејзиниот внук не забележал дека едната од нив воопшто не е мачка
Кога Ерик Хертлеин отишол да ја посети неговата баба во Канзас, знаел дека ќе види неколку мачки на тремот, затоа што неговата баба отсекогаш се грижела за бездомните животни. Кога пристигнал забележал три мачки, но кога се приближил сфатил дека едната од нив воопшто не е мачка. Без да знае бабата на Ерик се грижела за мал опосум.
„Таа ме уверуваше дека тоа е една од нејзините мачки. И реков дека не е така.“, изјавил Ерик. Старицата дури му го дала и името Тете и иако била шокирана кога дознала дека тоа не е мачка, сепак одлучила да го задржи. „Па не ми пречеше досега, затоа во ред е што е тука.“, изјавила бабата на Ерик.
Ерик исто така дознал дека Тете спие пред вратата на баба му уште кога бил мал, што значи дека најверојатно бил сираче. Без разлика што го натерало Тете да се придружи во светот на мачките, оваа ситуација е во корист на сите и тој ќе остане во неговиот топол кревет, додека самиот не одлучи да си замине.