Постојат 4 форми на телото и ние ги пронајдовме совршените фустани за секоја од нив
Женската фигура, а особено обликот на задникот, се определува од 4 генетски фактори: позицијата на карлицата и коските, распределбата на масното ткиво, големината и обликот на глутеалните мускули и начинот на кој мускулите се прикачени за колковите. Ова значи дека моќеме да го направиме телото поеластично, да го зголемите волуменот или да ги намалиме мастите, но обликот на телото останува. Сепак, ние сè уште можеме да се стремиме кон совршенство, а ние пронајдовме совршена облека за секоја фигура.
Правоаголна фигура
Линијата на карличната коска и колковата коска е рамна и не постои остра транзиција кон половината, со што фигурата изгледа правоаголна. Ако вашот задникот е мал и не постои јасна транзиција помеѓу половината-колковите и бутовите, големи се шансите се дека имате правоаголна фигура.
Изберете повеќеслојни фустани кои создаваат ефект на волумен. Можете исто така да обрнете внимание на кадифени ткаенини. Ако фустанот има панделка кој може да биде елегантно врзана на задниот дел, ова е сигурен и лесен начин да додадете волумен каде што мислите дека недостасува.
Тркалезна форма
Колковите изгледаат с големи во споредба со остатокот од вашата фигура. А ако се огледувате странично во огледало можете да видите дека задникот е еднакво испакнат од дното па се до почетокот на колковите.
Би било грев да се сокрие ваква убавина, но доколку сакате да ги намалите колковите носете фустан кој е поширок долу. Постои едноставно правило: колку е поширок на дното, толку се потесни колковите. Ова ќе послужи како добро одвраќање. Длабоко деколте или интересен накит и вашите колкови ќе изгледаат помали.
Превртено срце
Кај жените со овој тип на фигура мастите од задникот се најмногу концентрирани најдолу. Овој тип на фигура е резултат на дистрибуција на маснотии на долниот дел на задникот и бутовите поради високите нивоа на естроген.
За овој тип на фигура, најдобро стојат фустани кои се сечени под градите и паѓаат надолу или пак „молив“ фустани.
V-облик (превртен триаголник)
Линиите на колковите и карлицата се прицврстуваат на дното, а фигурата изгледа како превртен триаголник. Ако рамената ви се пошироки од колковите, големи се шансите се дека имате V-облик на телото.
При изборот на фустан, осигурајте се дека ткаенината е лесна и паѓа и се собира под градите. Кратки свилени ретро фустани ќе изгледаат одлично.