„Млечните точки“ не се нешто невообичаено. Тие најчесто се појавуваат кај новороденчињата, но можат да се појават и кај возрасните. Тие се формираат така што креатинот (го произведува кожата) останува заробен под површината на кожата создавајќи мала циста во облик на бели точки (примарни точки). Исто така може да се насоберат и масти (секундарни точки). Доколку го имате овој проблем, не очајувајте, со овие природни лекови ќе можете да ги намалите точките.

Мед

Медот ќе ја нахрани и хидрира Вашата кожа. Кога ќе го нанесете на кожата , кожата ќе ја задржи влагата која медот ја апсорбира и ќе спречи сушење на истата. Направете пилинг од мед, шеќер и масло од јојоба.

Рицинусово масло

Рицинусовото масло е повеќенаменска состојка која е позната во лечењето на состојби како што се инфекции, запек, проблеми со бешиката, астма и сл. Идеална природна состојка за лечење на состојби на кожата како што се акни и млечни точки.

Лимон и шеќер

Лимонот има фантастични антибактериски, антисептички, избелувачки и антиоксидантни својства. Тој постојано се појавува како нега на лицето кога станува збор за природни препарати. За ова Ви треба шеќер, лимон и маслиново масло. Нежно втријте од смесата на лицето со кружни движења и оставете да отстои на лицето 15 до 20 минути, а потоа измијте.