Семејно слабеење: Семејство од Кина направило 6-месечен предизвик и доживеало вистинска трансформација
Не е секогаш лесно да се изгубат вишокот килограми. За да го олесни овој процес 32-годишниот фотограф од Кина, Џеси, решил да го стори тоа знаедно со неговото семејство. Кога неговата сопруга била бремена Џеси ја поканил неговата мајка за да и помогне на сопругата. Тогаш тој дошол до идеја да го покани и неговиот татко и заедно да поминат низ еден процес кој е тежок за поединец, а тоа е губењето на килограми и промена на начинот на исхрана. Сите заедно почнале програма, првин со брзо пешање, а потоа и џогирање за да на крајот стигнат и до теретана. Сега семејството изгледа навистина одлично, а Џеси вели дека сега ова е нивниот начин на живот. Тоа што родителите на Џеси го прифатиле предизвикот кажува дека никогаш не е доцна да се чувствувате добро во своето тело.