Домашен рецепт кој ќе ви помогне да се збогувате со сувите и испукани усни во текот на зимата
Без разлика на сезоната, ние секогаш треба да се грижиме за хидратацијата на нашите усни. Еве како можете да си приготвите овој меден балсам сами дома.
Потребни состојки:
- 4 грама рендан пчелин восок
- 20 г бадемово масло (може да се замени со маслиново масло, кајсија или друго течно масло, незадолжително)
- ½ кафена лажичка мед
- содржината на 2 капсули витамин Е
- 2-3 капки етерично масло по избор (не е задолжително)
Начин на приготвување:
1. Во мал сад со помош на пареа стопете го пчелиниот восок(може да потрае и 20 минути)
2. Потоа додадете бадемово масло и добро промешајте.
3. Извадете го од огнот и брзо додадете го медот, витамин Е и етеричното масло.
4. Промешајте повторно до целосна хомогенизација на смесата и наполнете во соодветни кутии или тегли.
5. Ставете го готовиот балсам во фрижидерот 15-20 минути, така што ќе се зацврсне побргу.