Совршената насмевка се смета за една од најатрактивните работи кај луѓето. За жал, постојат многу работи што можат да им наштетат на вашите заби, како што се пушењето, премногу кофеин и неправилна стоматолошка заштита. Нашите навидум невини дневни навики, всушност, можат да предизвикаат проблеми како што се забните наслаги (забен камен и слично). Ако сакате да ги намалите посетите кај стоматологот Нане направи листа на природни и едноставни начини да се ослободите од проблеми со забите.

Сода бикарбона

Сода бикарбона може да се користи како природен чистач и често се користи во многу лекови. Измешајте лажица сода со малку сол и едноставно натопете ја вашата влажна четка за заби во мешавината и измијте ги забите како и обично.

Алое Вера и глицерин

За да направите помоќна природна паста за заби, ќе ви треба:

  • една чаша вода
  • 1/2 чаша сода бикарбона
  • едно лажиче Алое Вера гел
  • 4 лажичиња глицерин
  • една лажичка етерично масло од лимон

Измијте ги забите со оваа мешавина!

Оцет

Ова не е највкусното решение, но е 100% природно и ги чисти забите без да предизвика штета:

  • 2 лажици оцет
  • една лажица сол
  • 4 мл вода

Комбинирајте ги состојките, исплакнете и повторувајте неколку дена за максимален ефект.