Свадба, деловен состанок или кафе со другарките? Еве како да се нашминкате за секоја пригода
Жените секогаш сакаат да изгледаат убаво и префинето без разлика за каква пригода се работи. Но, треба да се обрне внимание за тоа каков вид на шминка користиме за секојдневни и несекојдневни настани. Доколку темниот кармин и светкава сенка за очи изгледаат гламурозно за некоја свадба или веселба истата шминка би изгледала многу невкусно ако ја носите додека сте на работното место. Секој настан со себе си носи одредени „принципи“ за шминкање кои иако не треба строго да се пратат, треба да се обрне внимание на нивната основа.
Дневна шминка
Доколку сакате да одите на кафе со пријателките или пак едноставно да се прошетате некаде со сопругот, најдобро е да изгледате природно и свежо, со шминка која ќе ви оди во прилог, но нема да биде премногу нападна. Еве еден таков едноставен пример.
Деловна шминка
Премногу шминка секогаш е лош избор кога се работи за работното место. Затоа следете ги овие чекори за да покажате дека сте софистицирана жена која знае како да ги искористи најдобрите карактеристики без да претера.
Шминка за свечености
Тука шминката зависи од многу фактори, форма на лицето, боја на очите, облеката и слично. Тука имате повеќе слобода во изборот и количина на шминката. За посебни настани треба да се изгледа посебно, а еве и еден пример кој би можел да ви помогне да одлучите како ќе изгледате на наредната свеченост.