Жените трошат 335 часа годишно на нивниот изглед. Ова значи дека поминуваат 2 недели годишно само во нанесување на шминка. Но, овој пат лесно може да се намали ако знаете неколку тајни. На крајот од текстот можете да видите како обичната дневна шминка да ја трансформирате во шминка за специјални пригоди.

Како да се примени маскарата уредно:

https://www.instagram.com/p/Bd_v0UOA7TE/?utm_source=ig_embed

Како точно да се залепат лажните трепки:

https://www.instagram.com/p/BbgFb_xgtBk/?utm_source=ig_embed

Брза шминка за очи

Ако шминкањето на очите е предизвик за вас, тогаш најдобро е да користите крем сенки наместо обичните. Крем сенките лесно се нанесуваат со прст и добивате одличен ефект за неколку секунди.

2 четки во една

Можете да користите шноли за да ја претворите четката за руменило во четка за контурирање.

Прво очите, а потоа сè друго!

Со цел да се спречат сенките или маскарата да се распаднат во процесот на аплицирање и да го расипат вашиот совршен изглед, прво направете ги очите, а потоа преминете на пудрата и усните.

Користете вазелин наместо маскара.

Вазелинот може да биде добра алтернатива наместо маскара. Трепките ќе ви бидат темни и не постои голема можност за алергии.

Користете кокосово масло наместо ноќен крем.

Сите сме свесни за придобивките кои кокосовото масло им ги дава на нашите тела. Но, дали знаевте дека можете да го користите наместо вашата ноќна крема? Само применете го на лицето и оставете го да отстои преку ноќ. Ќе бидете изненадени од резултатите во утринските часови. Не само што ја негува кожата, туку помага и во борбата против брчките.

Универзални предмети

Модерната козметика ви овозможува да заштедите време и пари – кармин, руменило и сенки, на пример, може да се заменат со еден стик. Друга опција е да ја изберете вашата универзална боја, која ви одговара најдобро.

Прајмерот за очи може да се користи и за усните

Прајмерот кој се нанесува пред сенката за очи може да се користи и за усните за да трае подолго карминот.

Како да ја претворите дневната шминка во вечерна шминка:

Ако треба брзо да ја претворите вашата дневна шминка во вечерна шминка, доволно е да чувате светол кармин или ајлајнер во вашата козметичка кеса. Не заборавајте најлајтерите и руменилата – тие се добри помагачи во „имате 5 минути за да се трансформирате“ ситуацијата. Во видеото можете да видите како се одвива тој процес.