Вагинитис или вагинална кандидијаза е општ и медицински термин што се користи за да се опише вообичаена габична вагинална инфекција. Се смета дека околу 75% од женската популација во одреден период од животот ќе се соочи со ова заболување.

Кисело млеко

Киселото млеко содржи lactobacillius acidophilus, бактерија која живее во здрава вагина. Оваа бактерија произведува природен водороден пероксид кој ги убива габите. Без страв можете да нанесете кисело млеко на вагината. Ставете кисело млеко на чист и неискористен тампон и ставете го во фрижидер, а кога ќе се олади ставете го во вагината.

Тоа ќе биде вистинско олеснување за воспалението предизвикано од габични инфекции. Најдобро е да го направите ова пред спиење, бидејќи тоа ќе го спречи истекувањето на киселото млеко.

Лук

Лукот содржи природни антифунгални својства кои помагаат во борбата против габични заболувања. Земете лук излупете го, завиткајте го со газа, а потоа ставете го во вагината. Наместете го така што ќе можете лесно да го извадите наредниот ден, кога ќе станете од спиење.

Масло од чајно дрво

Добар природен лек против габични инфекции. Земете тампон и подмачкајте го со нешто погодно за подмачкување, а потоа потопете го во маслото од чајно дрво. Подмачкувањето се врши за да се избегне тампонот да биде целосно натопен од маслото од чајно дрво.