8 иновативни совети во кујната за сите оние кои сакаат побрзо да ги подготват омилените јадења
Кој не сака да го послужи јадењето за неколку минути насместо да го подготвува со часови? Не треба да бидете професионален готвач за да готвите брзо. Само ви се потребни неколку иновативни трикови.
1. Ставете ги тестенините во вода ред да почнете да ги готвите за да бидат готови за 60 секудни.
Можеби звучи чудно, но функционира. Ставете ги тестенините да отстојат во вода неколку часа или во текот на ноќта и потоа ќе се сварат за една минута.
2. Додадете сода бикарбона за да го карамелизирате кромидот 2 пати побрзо.
Додадете една лажичка сода бикарбона на 1 килограм кромид токму пред да почне да ја менува бојата и гледајте како се карамелизира без да изгори.
3. Рендајте пармезан или било кое друго сирење на собна температура.
На собна температура сирењето и кашкавалот полесно се рендаат поради топлината.
4. Замрзнете го месото пред да го сечете.
За да исечете еднакви парчиња за пржење првин замрзнете го малку месото.
5. Згответе еднаш, а потоа користете ги остатоците во текот на целата недела.
Мисиркиното или свинското месо не се секогаш лесни за подготовка, затоа кога еднаш во неделата ќе подготвите некое вакво јадење користете ги остатоците за да подготвите и други слични јадења.
6. Исечете го путерот на парчиња за да се стопи побргу.
Исто така можете да го ставите во близина на ринглата додека подготвувате друго јадење.
7. Лупете ги компирите на едноставен начин
Ставете ги компирите во вода што врие 30 секунди. Потоа извадете ги и ставете ги во ладна вода и ќе можете да ги излупите со рацете.
8. Лесно гответе зеленчук со минерална вода
Користете газирана вода наместо обична вода за да готвите зеленчук. Бикарбонатот во минерална вода ја разложува растителна целулоза и го забрзува процесот на готвење. Исто така, ќе го направи зеленчук помек, додека неговата боја ќе биде светла.