7-годишната Монтана е најмалото девојче што се искачило на Килиманџаро, а причината зошто го направила тоа ги стопи срцата на луѓето
Оваа година храбра млада девојка направила смел подвиг и влегла во историјата. Монтана Кени, 7-годишно девојче од Остин, Тексас се искачила на планината Килиманџаро и станала најмладата жена што го сторила тоа. Оваа мало „супер-девојче“ во освоило врвот од скоро 5.000 метри заедно со нејзината мајка за време на летниот распуст, пред да тргне во 2-ро одделение.
Мајката на девојчето е професионалец во Триатлон (спортски натпрвар во издржливот во која се застапени дисциплините пливање, велосипедизам и трчање.) и била личен тренер за нејзината ќерка да се искачи на највисоката планина во Африка. Монтана вежбала четири до осум часа за време на викендите и на пократки растојанија за време на училишната недела. Таа претходно тренирала пливање, кошарка и трчање што ѝ помогнале физички да се подготви за ова тешко патување.
Монтана била онаа која побарака од нејзината мајка да се искачи на врвот со неа. Нејзината мајка не ги сокрила пред неа сите тешкотии што ќе треба да ги надминат, но храброто 7-годишно девојле било решено да ја достигне својата цел. Двете морале да добијат посебна дозвола, која ќе и овозможи на 7-годишниот да се искачи на планината, бидејќи законската старосна граница за искачување на врвот е 10-годишна возраст.
Иако постигнувањето на светски рекорд е голема работа, тоа не била нејзина цел. Монтана објаснила дека го направила екстремно тешкото искачување за да биде поблиску до нејзиниот починат татко, кој починал кога имала само 3 години. Откако стигнале до врвот мајката на девојчето, вели дека нејзината ќерка имала прекрасен момент во чест на нејзиниот татко. „Беше прекрасно“, извика нејзината мајка. „Му праќаше бакнежи и му мавташе со надеж дека ќе ја види.“, додава таа.