Првата работа која што ќе ја видите на сликата ќе ви открие нешто многу важно за вас самите
Вие не мора да бидете „вљубени во самите себе“ за да се однесувате нарцисоидно понекогаш. Овој визуелен тест ќе ви одземе само неколку секунди, но потоа ќе откриете нешто ново за себе. Погледнете ја сликата и заклучете кое е првото нешто што ви го привлече вниманието.
Се одлучивте? Ајде да ги провериме одговорите!
1. Жена
Ако првин ја забележавте жената тогаш тоа значи дека сте вљубени во вашиот надворешен изглед. Понекогаш сте прилично суетни и сакате да изгледате добро во очите на другите. Сакате комплименти, особено ако тие се за вашиот личен стил. Ова не значи дека вие им судите на луѓето според нивниот изглед или дека сте опседнати со својот, но тоа е дефинитивно важно за вас. Вие често се споредувате со другите и ако споредбата не е во ваша корист, тоа може да го наруши вашето расположение и да изнесе многу од вашите комплекси.
2. Река
Ако првото нешто што го видовте е река, тоа значи дека сте вљубени во вашата работа! Знаете дека треба да посветите поголемо внимание на вашите најблиски и да ја балансирате вашата приватност и работа, но вистината е дека сте работохоличар. Имате социјален и материјален статус, вие сте амбициозни и никогаш не се откажувате.
3. Мост
Ако сте виделе првин мостот, тоа значи дека не сте многу сочувствителни. Не дека имате студено и нечувствително срце, но често не обрнувате внимание на чувствата на другите или не можете да се ставите на нивно место. Не го правите тоа намерно. Кога некој ви кажува дека е добро, само му верувате и не истражувате. Ретко ги прашувате вашите пријатели како се, и дали имаат проблем, бидејќи се потпирате на тоа дека доколку имаат самите ќе ви кажат. Поентата е во тоа што тие знаат дека не сте најосетливата личност и затоа не сакааат да ве „замараат“ со нивните проблеми. Треба да научите да посветувате повеќе внимание на чувствата на другите.
4. Чамецот
Ако првин ги видовте чамците, тогаш имате големо его и сте перфекционист. Сакате да се справите со сè самите, не им верувате на другите лесно, и не ви се допаѓа тимска работа, бидејќи ги извршувате повеќето задачи, а останатите се кријат. Вие сте навистина неверојатни, но немате супер-моќи. Запомни дека можете да се потпрете на вашите пријатели во тешки моменти и нема ништо срамно во тоа.