Својот волчјак го носам на епски авантури, затоа што мразам да гледам заклучени кучиња
Често се изненадувам од тоа колку кучињата можат да донесат среќа во нашите животи. Уште повеќе, среќата којашто произлегува од здравиот однос со нив е навистина чудесна. Тоа е тешко да се опише, па така јас вообичаено не се ни трудам да го сторам тоа.
Инстаграм профилот на Локи е производ на тоа чувство кое е тешко да се опиште. Згора на тоа, јас верувам дека кучињата не се создадени да ги минуваат своите животи во двор или внатре в куќа. Мразам да го гледам тоа. Се надевам дека ќе ги инспирираме луѓето да излезат надвор, да го истражуваат светот и да создаваат спомени заедно со нивните миленици.