Момче ги продава своите играчки за да го плати лекувањето на неговиот најверен пријател
10-годишниот Конор од Њујорк во 2016 година бил дијагностициран со пострауматско стресно нарушување, анксиозност, хронична главоболка и ноќни напади како резултат на неконтролирана анксиозност. За му стане полесно семејството на Конор му обезбедило куче, кое име сертификат како „куче за емоционална поддршка“. 4-годишниот доберман, Купер, секогаш му се наоѓал на малиот Конор.
Мајката на Конор вели дека Купер прв ги забележувал нападите на детето и секогаш ги известувал. Тие станале најдобри пријатели. Во декември 2017 година, Купер почнал чудно да куца, а во последните неколку месеци почнал да има поголеми проблеми со движењето.
Ветеринари веруваат дека тоа може да биде Wobbler болест, која влијае на ‘рбетот и дискови. Тестовите и третманите се неверојатно скапи, па Конор одлучил да ги продаде своите играчки за да помогне со трошоците.
„Отиде и ја исчисти целата своја соба за играчки и затоа што тој така сакаше. Тој рече дека кучето е поважно од било која играчка.“, вели мајката на Конор, Џенифер.
Купер во моментов е подложен на ласерска терапија за да се подобри неговата мобилност и семејството се надева на најдоброто.