Оваа мајка на 3 деца, старите парчиња облека ги трансформира во неверојатни креации
Индустријата за облека изнесува 10% од глобалните емисии на јаглерод, и останува втор по големина индустриски загадувач, веднаш по нафтата. Овој факт на некој начин не го добива истиот публицитет како, на пример, негативните влијанија на земјоделството или пластичниот отпад, но тоа е нешто што итно треба да го решиме.
Мајката на 3 деца, Сара Тјау е една од многуте кои помагаат да се скрши нашата зависноста од „брза мода“, каде што трговците на мало треба постојано да ги искушуваат клиентите со бескрајни „нови“ модели за да имаат продажба на производите. Старите предмети брзо се сметаат за непосакувани и забранети.
Сара почнала да ја рециклира старата облека наскоро по раѓањето на нејзината прва ќерка. Она што започнало како начин за заштеда на пари станало филозофија на животот: „Изгледај добро, чувствувај се добро, прави добро“. Таа трансформирала стотици парчиња стара облека, од преголеми кошули до венчаници, претворајќи ги во стилска облека за неа и нејзините ќерки.
Таа ја изработува облеката од продавници од втора рака, семејството и пријателите и ги усовршила своите техники за шиење до таа мера што сега планира да ја дизајнира сопствената линија на облека врз основа на нејзината филозофија, при што сите средства ќе одат за сиромашни деца.