Сите ние имаме утрински ритуали и некои се понездрави и помалку продуктивни од другите. Нештата кои ги правиме наутро ни го диктираат денот. Па така, еве четири утрински ритуали со кои денот ќе ви започне добро.

1. Хидрирајте се! Испијте чаша вода веднаш по будењето

Ние сме 75% вода. Додека спиеме, полека дехидрираме. Пред да ја зграпчите вашата утринска шолја кафе, напијте се чаша вода. Тоа ќе ви го поттикне метаболизмот, ќе ги исчисти токсините од вашата крв и ќе ви го прочисти дебелото црево.

2. Напијте се зелен сок

Зелениот сок е одличен утрински напиток. Полн е со витамини и минерали и го поттикнува метаболизмот. Направете си еден од:

  • 1 краставица
  • 1 зелено јаболко
  • 1 рака блитва
  • 1 рака спанаќ

3. Утрински вежби

Тие ќе ви го поттикнат крвотокот, метаболизмот, ќе ви го зајакнат метаболизмот и помагаат во согорувањето на калориите и општо земено ќе направат да се чувствувате подобро.

4. Водете љубов

Зошто да не? Утринскиот секс е супер. Да го почнете својот ден со љубов никогаш не е лошо нешто. Ви го зајакнува имунитетот, ве ослободува од стресот и ве прави да се чувствувате поприсутни добивајќи го тој младешки сјај потоа.

voda