Самохран татко од Тајван го илустрира секојдневниот живот со неговиот син, а сликите се помоќни од зборовите
Илустраторот Блу Лан Шенгје кој неодамна стана татко, најде нова инспирација за неговата работа. Откако се родил неговиот син, тој започнал нова серија на илустрации во кои покажува како е да се биде самохран татко и секојдневието со неговото малечко. На својата Фејсбук страница и веб-страница, тој ги споделува искуствата, предизвиците и благословите кои доаѓаат со татковство.