Се намачкав со белки, залепив салфетки и почекав. На салфетките беа залепени црни точки и ситни влакна!
Веројатно сите жени ги мразат црните точки на кожата и бараат ефикасен начин да се ослободат од нив. Ако мозолчињата и акните ви пречат еве еден лесен начин како да се ослободите од нив.
Ова е еден рецепт за пилинг-маска за лице. Но, тоа не е вообичаена мешавина од различни состојки, се состои од само 1 компонента која буквално ја влече целата нечистотија од порите.
Ќе ви требаат:
- 1 јајце
- хартиени салфетки
-
Одвојте ја жолчката од белката
-
Исчистете го лицето со чиста крпа и нанесете еден слој од белката со соодветна четка
-
Залепете ги салфетките врз целата површина на лицето
-
Повторно нанесете слој од белката, причекајте 40-тина минути, за тоа време смесата ќе се зацврсти и ќе почувствувате затегнување на кожата на лицето
-
Внимателно извадете ги салфетките
Ефектите се видливи веднаш.