Како деца нѐ учеа дека е добро да се споделува. Ако ги споделуваме нашите работи со другите, тоа значи дека се грижиме за нив, нели така? Сѐ е тоа убаво и фино, но има нешта кои во никој случај не би требало да ги делиме со другите луѓе, и еве една кратка листа со такви нешта.

1. Четка за заби

Знаете ли дека вашата уста е највалканото место во вашето тело? Тогаш зошто би делеле нешто што било во највалканото место во телото на некој друг? Едноставно не правете го тоа. Вообичаено четкичките за заби се преполни со бактерии.

2. Слушалки

Помислете си само дека слушалките најчесто се носат при вежбање и трчање. А кога вежбате се потите. Тоа ви е комбинација од пот и ушна кал, луѓе.

3. Жилети

Жилетите не само што ги собираат избричените влакна, туку и мртвите кожни клетки кои се полни со бактерии. Тоа е последното нешто што би сакале да го ставите на вашето тело. Во посериозните случаи, жилетите можат да пренесат и заразни болести кои се пренесуваат преку крв.

4. Дезодоранс

Ова е премногу очигледно, но ако сѐ уште не сте убедени, помислете си само дека дали би сакале да споделувате бактерии и пот од чечии туѓи пазуви?

5. Влечки

Ако барате сигурен начин да ги пренесете вашите ножни габички, позајмете му ги вашите влечки на некого.

6. Лабело

Ова е големо не! Многу е лесно да се фати херпес, а кога ќе фатите, тој постојано се враќа.

7. Паста за заби

Се сеќавате ли на бактериите кои ги спомнавме кога зборувавме за четкичката за заби? Истото се однесува и на пастата за заби, бидејќи повеќето од нас ја допираат тубичката со четката за заби.

8. Обетки

Преку обетките може да се пренесе заразна болест. Дури и ако одамна сте си ги продупчиле ушите, чувајте си ги вашите обетки за себеси.

9. Крем за лице

Секогаш кога некој ќе ги збрца рацете во кутивче вазелин, крем за лице или некаков вид на лосион, го загадува со нови бактерии. Најдобро е да биде само со вашите бактерии.

10. Сапун

По секоја употреба, сапунот дополнително се збогатува со мртви кожни клетки и бактерии.

11. Крпи

Ако вашата крпа мириса лошо, тоа е затоа што е полна со бактерии, мртва кожа и бацили.

12. Тример за нос и уши

Како прво, кој би го правел ова? Второ, омиленото место на сите стафилококи е носот, па така делењето на такво нешто со некој друг значи сами да си ја барате неволјата.

13. Гел за коса

Истото важи и за вашата коса. Ако се грижите за вашиот скалп, внимавајте што минува низ него.

14. Грицкалка за нокти

Грицкалките за нокти се полни со габички. Дури и ако личноста од која позајмувате може да има наизглед совршено здрави прсти и нокти, никогаш не можете да знаете кога ќе закачите габички, па дури и брадавица.