Најголемите грешки што ги правите при изборот на долна облека и си мислите дека е секси, а тоа е токму спротивно
Долната облека може да ја расипе целата визија, ако не е одбрана соодветно. Еве неколку грешки при изборот, кои не треба да си ги дозволите.
-
Задникот нема да ви изгледа помал доколку одберете долна облека која е за два броја помала од вашиот конфекциски број. Само ќе добиете облик на “гасеница” со преливање на вишокот.
-
Не купувајте градници кои ги креваат градите до брадата. Изгледа многу смешно и не е секси.
-
Под бело летно здолниште или панталони одговара само долна облека во тиста боја и мазна текстура. Сето друго не изгледа убаво.
-
Под блузи и џемпери се носат градници само во иста боја, а не различна.
-
Најголема грешка – на убав фустан со гол грб, да се гледа градникот. Или не облекувајте градник, или облечете градник со ниско закопчување, за да не се гледа.