Брзата храна е исклучително нездрава, но дали истото важи и за храната која се сервира во рестораните? Определени рестрани вложуваат дополнителен труд да сервираат свежа и здрава храна за своите муштерии, но други сѐ уште се држат до состојките со слаб квалитет и до огромните порции.

За Американците навикнати на т.н. стандарден американски живот, ова можеби се чини како идеално. Но, долгорочно гледано, храната со високо ниво на натриум, со низок квалитет и многу маснотии е многу штетна за здравјето. Еве една листа со најнездравите јадења кои се служат во САД, пример за причинители на епидемијата со прекумерна тежина и дијабетес, според Центарот за научни истражувања од јавен интерес во САД.

IHOP: Чоризо Фиеста омлет и палачинки

Калории 1990
Натриум: 4840
Заситени масти: 42 грама

Со ова јадење внесувате близу 2000 калории -количество кое ги задоволува дневните калориски потреби. Омлетот со колбас содржи 1300 калории, а дополнителните 690 калории ги нвесувате со палачинките.

Dickey’s BBQ Pit: Порција со 3 меса

Калории: 2500
Натриум: 4700 милиграми
Заситени масти: 49 грама

Ресторанскиот ланец од Далас е познат по своите огромни порции. Ресторанот исто така нуди и бесплатни лепчиња и сладолед за сите нарачатели.

Outback Steakhouse: Ребро на жар

 

Калории: 2400
Натриум: 3560
Заситени масти: 71 грам

Препорачаната порција месо еден оброк изнесува 100-150 грама месо, што е отприлика колку еден шпил карти во вашата длака. Да конзумирате повеќе од половина килограм месо за еден оброк е неразумно. Во Аутбек, не само што добивате толку многу месо во еден оброк, туку тој доаѓа со печен компир, пржена салата и лепчиња.

The Cheesecake Factory: Луизијана тестенини со пилешко

Калории: 2370
Натриум: 2370 милиграми
Заситени масти: 80 грама

Во Чизкејк Фактори добивате можете да добиете многу повеќе од торта со сирење. За жал, повеќето понуди изобилуваат со калории, масти и натриум. Порцијата од 680 грама со тестенини се служи со пилешко и пармезан и големо количество на лут сос.

Sonic: Голем превртен „мастер бластер“ од ананас

 

Калории: 2020
Заситени масти: 61 грам
Трансмасти: 4.5 грама

Овој огромен десерт содржи преку 2000 калории, а сепак се очекува да се јаде после обилно главно јадење.

Red Lobster: Комбинација по избор

Калории: 2710
Натриум: 6530 милиграми (количество кое нормално вреди за четири дена)
Заситени масти: 37 грама

Здравствените работници вообичаено препорачуваат да се јаде риба и морски плодови како извор на здрава храна. Но вака облеана со сирење, таа станува многу помалку хралнива и здрава.

Uno Pizzeria and Grill: 2 за 12 долари (Класична голема пица и печени тестенини зити со колбас)

Калории: 2190
Натриум: 5420
Заситени масти: 49 грама

Проблемот со прекумерната тежина во Америка води потекло од неконтролираниот маркетинг. Луѓето се поттикнувани да купуваат и конзумираат – уште, уште и уште.

The Cheesecake Factory: Печено јаболко

 

Калории: 1470
Заситени масти: 48 грама
Шеќер: 32 лажици

Не залажувајте се! Можеби во името на овој десерт има овошје, но е далеку од здраво. Прекриено со сладолед, прелиено со карамела и крем, подобро би ви било да изедете две големи парчиња торта од сирење отколку да изедете една порција колку цела кофа со зашеќерено овошје.

Steak ’n Shake: 7х7 стејкбургер, помфрит и чоколаден милкшејк

 

hr09

Калории: 2530
Натриум: 5060
Заситени масти: 68 грама

Дали е потребен коментар за ова? Секогаш е најдобро да си ги приготвувате вашите оброци во вашиот дом, употребувајќи свежи состојки. Така е многу поефтино и многу поздраво.