5 здравствени проблеми од кои може да страда секоја жена и решенијата за нив
Речиси 3 од 4 жени избегнуваат да посетат гинеколог, затоа што се срамат. Дами, ако го читате ова, ве молиме да знаете дека вашиот репродуктивен систем е чудесна сила на природата и никогаш не треба да се чувствувате засрамени да разговарате за своето здравје.
1. Проблемот со бележење
Бележењето е дефинирано како лесно крварење надвор од менструалниот циклус. Целосно нефер, нели ?! Тоа може да биде предизвикано од цисти на јајниците, прескокнување на апчиња за контрацепција, па дури и стрес.
Важно е да се грижите за себе во стресните периоди. Направете си топла бања, одете на масажа запомнете дека вашето здравје е поважно од исполнување на тој рок. Ако не е стрес, размислете што би можело да ги менува вашите хормони и разговарајте со гинеколог ако проблемот продолжи.
2. Ризикот од вагинитис
Вагинитис е тип на воспаление кое може да предизвика чешање, мирис, секрет и болка. Може да биде предизвикано од голем број фактори и добрата вест е дека не е секогаш заразно. Тампоните, сапуните и маслата може да предизвикаат неинфективен вагинитис. Така, бидете сигурни дека користите природни, не-миризливи производи и нежно мијте се со вода и природни сапуни. Ако сметате дека имате инфективна форма на вагинитис, посетете го лекарот што е можно побрзо.
3. Опасноста од сексуално преносливи инфекции и сексуално преносливи болести
Многу инфекции остануваат незабележани, бидејќи немаат брзи симптоми. Други инфекции имаат симптоми како што се јадеж, горење, испакнатини, брадавици или печење за време на мокрењето. Ова не се сигурни знаци но најдобро е да одите на преглед кај гинеколог.
4. Проблемот предизвикан од поткожни влакна
Во многу култури се смета дека е привлечно, но депилацијата, кубењето и бричењето на влакната може да предизвика поткожни влакна. Најдобра начин да се ослободите од поткожните влакна е да престанеет веднаш да ги отстранувате. Направете топла бања и откако кожата ќе омеке тријте со крпа за да се отстрани мртвата кожа и поткожното влакно да излезе.
5. Проблеми со претерано чистење
Дами, сите ние сакаме да бидеме свежи долу, но прекумерното чистење и неприродни хемикалии можат да ѝ наштетат на природната бактериска рамнотежа на вагината и да предизвикаат инфекција. Затоа користете природни производи или производи специјално наменети за интимна хигиена.