Модар патлиџан со сирење и јајца за вкусен семеен ручек
Готвењето некогаш може да биде напорно, но треба да знаете дека постојат едноставни и вкусни рецепти кои освен што ќе ги задоволат вашите сетила за вкус ќе ви овозможат да имате повеќе слободно време. Таков е и овој вкусен рецепт кој треба да се најде на секоја семејна трпеза.
Потребни состојки:
- 3 модри патлиџани
- 200 гр кравјо сирење
- 150 гр кашкавал
- 3 јајца
- 1 лажица лебни трошки
- 200 мл доматно пире
- 1 лук
- 1 лажичка црвен пипер
- магдонос
- масло
- сол
Начин на подготовка:
Исечкајте ги модрите патлиџани на тркалца, посолете и оставате да се исцедат. Потоа малку испржете ги.
Во посебен сад изрендајте го сирењето и измешајте го со јајцата и лебните трошки.
Во тава редете – ред модар патлиџан, ред сирење, треба да се заврши со модар патлиџан.
На крај ставете го доматното пире, претходно пропржено (10 минути) во малку масло со лук и сол.
Посипете со црвен пипер, додадете сечкан магдонос. Завршете со рендан кашкавал.
Ставете го јадењето во загреана на 180 степени и печете околу 15-20 минути.
Сите состојки наведени погоре можете да ги пронајдете во маркетите на Тинекс и секако за да заштедите дел од вашето скапоцено време можете да ги порачате преку нивната нова интернет продавница.