Девојка создава неверојатни скулптури од својата коса
На сите ни е позната ситуацијата кога ќе си легнеме со мокра коса и ќе се разбудиме со необична „современа уметност“. И покрај тоа што изгледа интересно ние правиме сѐ за да се ослободиме од „новата фризура“ пред да излеземе во јавност.
Уметница од Брегот на Слоновата Коска и моден дизајнер Летиција Ky го прави сосема спротивното. Таа ја носи уметноста на косата на сосема ново ниво. Оваа 22-годишна активистка преку нејзините фризури исто така шири и пораки за самољубие, толеранција, еднаквост и отвореност.
Погледнете ги нејзините најнови креации: