Српската нутриционистка Д-р. Ана Грифинг го следи  примерот на францускиот Др. Алан Делабос, кој ја измислува програмата на хроно исхрана. – Колегите го прашале зошто неговите пациенти живеат подолго, неговиот одговор го промени светот

Ана Грифинг инаку е основач на Дијагностичкиот центар Грифинг, отворен во 2003 година во Белград.  Центарот бил отворен со цел примена на медицината врз процесот на стареење, односно негово забавување преку преку програма за анти стареење.  Во рамки на центарот, Д-р. Грифинг во 207 година ја развива програмата за Хроно исхрана, на тој начин што додава период на рестрикција и период на вонрестрикција.

 

Периодот на рестрикција во суштина е период којшто му е потребен на организмот за да се прилагоди на новиот начин на исхрана. Токму во оваа фаза најмногу се намалува телесната тежина. Како што наведува Д-р. Грифинг овој период е значаен за создавање на алкална средина во организмот (обезкиселување) затоа што закислувањето предизвикува хронични воспалителни и дегенеративни заболувања, правилен временски распоред на дневните оброци со временско растојание од 4-6 часа и за одредување на глуцидниот индекс, односно брзината со која одредена храна го зголемува нивото на шеќерот во крвта.

 

Период на рестрикција е основан на две правила:

  1. Минималниот период на рестрикција трае 28 денови, се применува се додека не се дојде до посакуваната тежина, потоа се преминува на вон-рестриктивен период.
  2. Количината на храна не се мери.

 

Дозволени намирници за појадок:

  1. Jагленихидрати (леб и пецива од интегрални брашна од ‘рж, јачмен, хељда, овес,
  2. Протеини • сувомесни производи – сланина, пршута, домашни сувомесни производи, чварки (поретко) млечни производи – кисело млеко, грчки јогурт, урда, фета сирење, домашно младо сирење, моцарела (во вода), кајмак (поретко) јајца (до 8 цели јајца неделно, белките се неограничени) печурки хумус
  3. Масти • путер (до 20 гр. дневно) авокадо
  4. Зеленчук црвен и црн – домати, црвен пипер, свежо цвекло, свеж морков, модар патлиџан, црни маслинки, роквица, црвена зелка • бел – карфиол, печурки, стар кромид, лук • зелен – пиперки, тиквички, краставички, зелена зелка, марула салата, зелени маслинки, брокула, млад кромид, прокељ

Дозволени намирници за ручек:

1.Протеин • свежо месо – свинско, телешко, мисиркино, пилешко, јагнешно, јарешко, овчо месо • свежа риба – Лосос, Ципура, Бакалар, Крап, Сардина, Јагула, Харинга и Скуша • белки од јајцапечурки

  1. Зеленчукцрвен и црн – домати, црвен пипер, свежо цвекло, свеж морков, модар патлиџан, црни маслинки, роквица, црвена зелка • бел – карфиол, печурки, стар кромид, лук • зелен – пиперки, тиквички, краставички, зелена зелка, марула салата, зелени маслинки, брокула, млад кромид, прокељ

Дозволени намирници за вечера:

1.Протеин • свежо месо – мисиркино и пилешко месо • свежа риба – Ослич, Пастрмка, Полок, Сом, Туна, Бас, Панга, Штука, Сабјарка и Тилапија • белки од јајцапечурки

  1. Зеленчукбел – карфиол, стар кромид, лук • зелен – пиперки, тиквички, краставички, зелена зелка, марула салата, зелени маслинки, брокула, млад кромид, прокељ