Повеќето жени се соочуваат со проблеми со опаѓање на косата. Главни причини за тоа се неправилната исхрана, загадувањето на животната средина и неправилна нега на косата.За да ја заштитите косата од оштетување и да го спречите нејзитното опаѓање, ќе треба да се храните здраво, помалку да употребувате алатки за навиткување и исправување на косата и да внимавате во изборот на соодветна козметика за нега на коса.

 

Наместо штетните шампони и други производи за коса, постојат многу природни решенија кои можат да ви помогнат. Во продолжение ви претставуваме еден ефикасен рецепт за изработка на домашен регенератор за коса.

Потребни состојки:

  • 2 лажици рицинусово масло
  • 1 жолчка
  • 1 лажица мед

Подготовка и употреба:

Едноставно промешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса, потоа  нанесете ја смесата на косата и скалпот и со бавни движења масирајте ја вашата глава.Откако рамномерно ќе ја прелиете целата коса,  ставете капа за туширање на главата и оставете да делува во период од 3 часа. Потоа измијте ја косата како и вообичаено и повторете го процесот два пати неделно.