Тесни фармерки направете место, доаѓаат колор-блок фармерките!
Џорџо Армани еднаш рекол: “Фармерките се претставник на демократијата во модата.” Тесни, траперки, класични, искинати на колениците, асиметрични, различни во тоналитет, различни во боја. Доаѓаат во секој број, боја и форма. Одговараат на секоја девојка, жена, мајка и баба. Едно парче, а милион начини за комбинирање, а и нешто како помфритот, едноставно не може само едно да земеш, еден пар да имаш.
А што се однесува до светот на дизајнот, значи не е мода ако нема нов тренд по кој жените ќе лудуваат во престојната сезона. Ако си љубител на фармерки, а воедно љубител на бои и си спремен да излезеш од комфорт зоната или веќе подолго време гордо шеташ надвор неа, подготви се, овој тренд кој ќе ти го одземе здивот и ќе те вивне во ѕвзедите, во ѕвездите на светот направен од тексас.
Според модните прогнозери ова ќе биде трендот што ќе ја превземе 2019-та година и ќе ја направи најшик година до сега! Поголемите и помалите модни брендови веќе започнаа со пласирање на своите уникатни дизајни, а од изборот може да се видат впечатливи и гласни модели на розево споено со корално, потивки комбинации како две класични фармерски варијанти на потемно и посветло или пак разнолик распоред на боите во самиот дизајн.
Ваквиот тренд кој провоцира слобода и уметност, не тера да се запрашаме што воопшто видовме во тесните еднолични фармерки.
Во прилог, погледнете ја новата уметност што веќе ги освои срцата на модните инфлуенсери: