Вкусно печено месо со печурки и топен кашкавал
Потребни состојки:
- 1 кг. свинско месо
- 2- 3 главици кромид
- 500 гр. кашкавал
- 650 гр. свежи печурки
Зачини: оригано, вегета, мелен бибер, сол по желба
Потребно време за подготовка: 2 часа
На загреано масло се пржи кромидот, претходно ситно исецкан. Постепено се додаваат месото и зачините. Кога малку ќе се запржат се додаваат печурките. По половина час смесата се претура во тава за печење и се прелива со 100 мл. бело вино. Се попрскува со оригано и се пече на 200 степени, прекриено со алуминиумска фолија. По 1 час се вади од рерната, се попрскува со рендан кашкавал и се враќа на печење, како би се растопил кашкавалот.