6 едноставни начини како да го намалите крвниот притисок за само 10 минути
Ако имате искусено сериозни главоболки, замор, неправилно чукање на срцето и болка во градите, најверојатно страдате од хипертензија или висок крвен притисок. Дознајте како да го намалите за само 10 минути.
Оваа состојба може да биде предизвикана од стрес, недостаток на спиење, дебелина или други општи болести, но понекогаш ова им се случува и на сосема здрави луѓе. За среќа постојат неколку едноставни техники кои ќе ви помогнат да ги релаксирате крвните садови и мускулите за да го вратите вашиот крвен притисок во нормала.
Масирајте го вратот и ушите во три точки
Едната се наоѓа зад самото уво, другата на лицето на ушната висина и третата е линијата паралелна со самиот врат. Нежно масирајте околу овие клучни места.
Пробајте акупресура
Потекнува од кинеската традиција исто како акупунктурата. Клучните точки за акупресура се наоѓаат во основата на черепот. Поставете ги вашите дланки на черепот и нежно масирајте. За минута-две ќе се чувствувате подобро.
Вежбајте дишење на левата ноздра
Сместете се во удобен стол со исправен грб и со палецот притиснете ја вашата десна ноздра. Потоа, вдишајте длабоко, задржете го воздухот неколку секунди, па издишајте. Постапката нека трае бавно 3 до 5 минути.
Слушајте класична музика
Истражувања покажале дека слушањето на класична музика или индиска музика за медитација, комбинирана со бавни вежби за дишење, произведуваат смирувачки ефект врз нашето тело.
Напијте се чаша вода
Во некои случаеви, хипертензијата се јавува како резултат на дехидрација, а кога сме дехидридани волуменот на крвта во телото се намалува, а преиферната резистенција се зголемува. Затоа, за да ја избегнете оваа ситуација, пијте вода често.
Накиснете ги стапалата во топла вода
Овој процес треба да трае околу 10 до 15 минути, при што на овој начин крвта од главата ќе започне да се движи во надолна линија кон нозете и крвниот притисок ќе се врати во нормала.