Исповед: Го изневерив сопругот со друга жена
Тој ден откако го одведов синот во градинка, мајка на негово другарче ме викна на кафе кај неа дома и ме запозна со својата сестра, која и беше на гости. Бјанка. во тој момент ме привлече со нејзината срдечност, отвореност и смисла за хумор.
Никогаш не ме привлекувале жени, но таа ми се допадна на друг начин, почувствував дека станавме блиски. Инаку имам добар брак, но со сопругот сме прилично оддалечени затоа што дома се прибирам доцна, толку уморна што во истиот момент заспивам.
Бјанка често ми даваше комплименти. Никогаш не сум сметала себеси како убавица, па бев изненадена, но и поласкана. Еднаш дојде кај мене на кафе и спонтано влеговме во разговори за нашите врски. Бјанка имала толку многу авантури, за кои само можев да и завидам. Но бев воодушевена од овие теми.
Не забележав кога ми се приближи и ми шепна на уво дека би сакала да ме бакнува насекаде по телото. Јас само се насмеав, а таа си замина По неколку недели повторно дојде кај мене дома со автомобил. Повторно го сакаше истото. Овој пат се случи.
Се чувствував виновна, иако таа ме убедуваше дека не сум направила ништо лошо, бидејќи неверството не е неверство, ако е со жена. Пред извесен период повторно се сретнавме, тогаш сфатив дека не можам да си дозволам повеќе такви авантури. Не можев да го сокријам тоа од мојот сопруг и му признав. Беше уништен, но поминавме низ таа брачна криза.
Сега повторно сме вљубени, излегуваме заедно и често водиме љубов. Почнав повеќе да се грижам за себе, самодовербата ми е поголема, а верувам дека тоа и го должам на неа.