Дали луксузните обувки можат да бидат истовремено и удобни? Лубутан со новата колекција “Трчај Луби трчај” вели дека може!
Француски дизајнер за луксузни обувки, Кристијан Лубутан официјално ја претстави својата нова колекција на спортски обувки за Пролет/Лето 2019-та година.
Колекцијата го доби своето име “Run Loubi Run”, по спојот на името на дизајнерот со трчањето како спортска активност, а истата ги претстави следниве модели: The Spike Sock , The Red Runner и 1 2 3 Run.
Со лансирањето на оваа нова колекција од урбани дизајни, брендот се спремен да го редефинира концептот на луксузните патики.
Во прилог погледнете ја кампањата за колекцијата:
Моделот “The Spike Sock” или во превод “Боцкавиот чорап” е инспириран од флексибилноста и модерниот изглед.
Моделот “The Red Runner” или “Црвениот тркач” е дизајниран за дами кои не се плашат да отскокнуваат од толпата.