Дали може да се забремени од вода во базен? Гинеколози споделуваат одговори на најљубопитните прашања од своите пациенти
Многу жени знаат дека најнеудобната посета е посетата кај гинеколог. А статистиките покажуваат дека особено е неудобно кога станува збор за посета кај гинеколог- маж.
Во прилог, мажи-гинеколози споделуваат неколку интересни, дефинитивно љубопитни и по малку смешни прашања што го добиле во текот на своето работење.
Ова е се најпопуларните прашања:
1. Мажи- гинеколози, што барате кај една жена?
-“Надвор од ординацијата, карактер и интелигенција. Внатре во ординацијата- рак.”
2. Дали некогаш сте донеле бебе на овој свет кое очиледно не било на “таткото”, додека истовремено и тој бил во просторијата?
-“Се роди црно бебе, но со посветол тен. Ние сите почнавме да се гледаме зачудено, но родителите беа пресреќни и не рекоа ништо. Подоцна го запознавме дедото на детето кој е црнец”.
3. Зошто гинекологот ја напушта просторијата кога пациентката треба да ја соблече/облече долната облека?
–“Да ви дадеме приватност. Самиот акт на соблекување и облекување пред некого е интимен романтичен чин, но не и кога треба да ве прегледа лекар”.
4. Како вашата работа влијае на вашиот личен живот?
-“Не влијае. Прегледот не е нешто што сакам да го правам, тоа е мојата работа.”
5. Дали може да се забремени од вода во базен?
-“Секако дека не. И повеќе од тоа, не можеш да добиеш ниту инфекција.”
6. Дали е возможно невиноста да се изгуби при користење на тампон?
-“Да. Шансите се мали, но сепак е возможно, бидејќи кај секоја жена хименот е различен.”
7. Дали породувањето е многу болно?
-“Да. Многу. Но пред се, зависи и од третманот што го добива пациентката.”
А што вие би го прашале вашиот гинеколог, но не се осмелувате?