Оваа пролет цветно значи модерно: Скромната Кејт Мидлтон воодушеви во преработен цветен фустан, на блескава гала вечер
Војвотката од Кембриџ отсекогаш била позната по нејзината скромност кога станува збор за модата, бидејќи таа често ги носи истите парчиња облека и по неколку години иако може да си дозволи многу повеќе. Овој пат таа ги воодушеви присутните во фустан со цветен дезен, кој ќе биде хит за оваа пролетна сезона.
Она што ги воодушевило сите кога Кејт се појавила на галата во познатата Национална портретна галерија е дека прекрасниот фустан на Александар Меквин всушност го носела и претходно на забавата на BAFTA во 2017 година, но сега малку го преработила и му додала ракави.
37-годишната Кејт ги надмина трендсетерите, модните гуруа и супермоделите кои се собраа за прибирање на средствата од А-листата во нејзиниот долг цветен фустан со бели цветови.
Кејт била во одлично расположение додека се дружела со ѕвезди како поранешниот англиски фудбалски капитен Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија, Наоми Кембел, Кејт Мос и Бјанка Џегер. Но, таа не беше единствениот претставник од кралското семејство. Братучетката на нејзиниот сопруг, принцезата Беатрис, за првпат присуствувала како гостин со својот партнер Едоардо Мапели Мози.
Сакате да бидете ИН како Војвотката од Кембриџ? Купете си цветен фустан од „Fashion Group“
Цветниот фустан кој го носи Кејт е доказ дека цветовите никогаш не излегуваат од мода и можат да се носат за секоја пригода, од прошетка во градот до свечена вечера. Значи, иако овој макси фустан не е достапен за обични „смртници“, можете да го следите модниот вкус на Кејт со еден од фустаните на SPRINGFIELD и MANGO од нашите пријатели „Fashion Group“.