Жените од Кина споделуваат 10 тајни како секогаш изгледаат како 25-годишни девојки
Во Кина, убава жена не е само жена што изгледа средено. Убавите жени во Кина секогаш изгледаат како да се на 25-годишна возраст, иако во реалноста имаат 40 или 60 години. Во продолжение прочитајте кои се нивните тајни за вечна младост.
Тајна бр. 10: Пијте многу вода
Овие жени секогаш носат шише вода со нив, а ако ги прашаш која е првата работа што би ја одбрале за да преживеат, нивниот одговор би бил “вода”!
Тајна бр. 9: Поминувајте што помалку време на Сонце
Жените од Кина особено водат грижа за нивниот тен. Во минатото, светлата кожа таму се сметала за карактеристика на високата класа. Денес едноставно приоритет им е добро зачуваната кожа, кој лесно може да испука и да се исуши ако е изложена многу на Сонце.
Тајна бр. 8 : Покрај вода, пијте и многу чај
Тамошните жени пијат многу течности, а покрај водата, чајот им е на второ омилено место. Експерите препорачуваат чај од јасмин, црвен чај од гоџи бобинки и сл. Не додавајте шеќер или млеко во чаевите.
Тајна бр. 7 : Испланирајте си го денот
Следењето на дневен план е клучна вештина во Кина. Едноставно жените во Кина се грижат многу за својата рутина на сон и оброци. После ручек, секогаш наоѓаат време за попладневна дремка, па макар и се на работа. Студентите спијат во библиотеките.
Тајна бр. 6 : Избегнувајте високо-калорични десерти
Сите знаеме дека кинеската кујна драстично се разликува од сите останати, но и таа секако содржи десерти. Но, главно правило е десертот да биде без шеќер.
Тајна бр. 5 : Морската трева е важен дел од диетата
Жените во Кина консумираат многу морска трева. Морската трева го забрзува метаболизамот и го апсорбира вишокот на сол. Притоа, ве држи сити и е идеален избор доколку сакате да слабеете.
Тајна бр. 4 : Останете смирени
Недостатокот од фацијални експресии придонесува многу за младоста на самата кожа. Колку помалку работата нашите мускули, толку помалку брчки се појавуваат. Ова е идеална алтернатива и замена на ботоксот.
Тајна бр. 3 : Користете само одредени производи за шминкање
Тамошните жени секогаш водат грижа козметичките производи што ги користата да се на природна база, бидејќи истите ќе го продолжат векот на младоликата кожа.
Тајна бр. 2 : Акупресура на стапалата
Покрај козметиката, жените во Кина едноставно водат целосна грижа за нивото тело, па така акупресурата на стапалата е есенцијален дел од нивната нега. Масирајте ги вашите стапала неколку пати во денот, секое стапало поединечно масирајте го по 1 минута.
Тајна бр. 1 : Масирајте го лицето секој ден со помош на ролер за масажа од жад
Така ќе ја подобрите циркулацијата на лицето и ќе се ослободите од тензијата, како што со акупесурата ќе ги ослободите од тензија стапалата.
Тие користат посебни ролери од жад кои денес се веќе лесно достапни и кај нас, благодарение на новиот македонски бренд GIA, создаден со цел да ги открие тајните на природната убавина на жената. Токму овој модерен бренд ви нуди прекрасна можност, чудесниот ролер од жад да го имате со само едно кликнување на следниот линк.