Мачката на покојниот Лагерфилд повторно во фокусот на вниманието: Лансира колекција во негова чест!
Во Февруари оваа година, светот на модата го загуби еден од своите најголеми дизајнери, беспрекорниот Карл Лагерфилд, а во најголема жалост од сите е неговата мачка Шупет. Иако сепак нема да ги наследи сите 200 милиони, вниманието околку богатата наследничка не стивнува!
Може од финансиска криза или други емотивни причини, Шупет лансира лимитирана колекција на маици, шољи и маски за Ајфон во знак на сеќавање на својот сопственик Лагерфилд.
Шупет, односно тимот кој стои зад Инстаграм профилот и ги менаџира сите работи на мачката, одлучил да креира #RIPDaddy колекција која преведено означува “Почивај во мир татичко”
“Во овој тежок момент, Шупет ја има целосната поддршка од фановите и следбениците, поради која секогаш ќе им биде благодарна.”- пишува во соопштение на официјалниот профил.
Приходите од продажбата ќе бидат донирани во фонд наменет за помош на животните во Калифорнија.