Поранешна вработена во малопродажба открива 8 трикови како модните бутици нѐ манипулираат да потрошиме повеќе од планираното
Сите сме свесни дека задача на продавачите е да не убедат да ги купиме истакнатите производи. Но, убедувањето вклучува многу повеќе еден збор: Вистинскиот избор на музика, осветлување, мирисите и шармот на луксузот. Во прилог прочитајте на кои работи наседнуваме и трошиме непотребно.
Софија Џоунс порано работела 6 години во одделот за продажба во продавниците на брендовите Томи Хилфигер и Геп и сега ги открива тајните и маркетиншките трикови кои сите бутици ги користат и не манипулираат несвесно да трошиме и купиме повеќе од предвиденото.
1. Голем црвен знак на кој е напишано “РАСПРОДАЖБА”, создава чувство на итност и привлекува многу купувачи
Ја користат црвената боја бидејќи според психологијата таа делува како знак за опасност или предупредува. За купувањето, создава итен притисок дека купувачот мора сега и веднаш да влезе и да купи.
2. Ја користат техниката “препознавање на бренд”
Колку пати само сте купиле чевли бидејќи изгледале како оригинал Баленсијага или пак чанта што сте ја гледале на ревиите на Гучи? Така, помалите продавници користејќи сличен шаблон на препознатливост од луксузен бренд ги манипулираат купувачите да купуваат импулсивно.
3. Облеката и аксесоарите се комбинирани заедно
Многу ретко ќе најдете кукла која носи само едно парче. На брендовите им е многу важно да ви покажат како може да ги стилизирате парчињат, па така склопувајќи ја идеалната комбинација од глава до петици го мами купувачот да ги купи сите парчиња.
4. Користат работи да ве забават во шопингот
Целта на продавниците им е потрошувачите да поминат што е можно повеќе време внатре во самиот бутик. Масите и кружните закачалки не се поставени случајно.
5.Делот со распродажба е сместен веднаш до гардероберите
Откако ќе ја поминат целата продавница и ќе земат одредени парчиња за проба, купувачите пред самиот гардеробер ќе се соочат со нова тешка ситуација- уште повеќе парчиња со намалени цени.
6. Користат убави мириси и специјално одберена музика
Сето тоа е со цел клиентот да се чувствува удобно, дури и премногу додека е во продавницата, па така би бил занесен и нема да размислува ако потроши повеќе.
7. Осветлен и уреден излог
Излогот е огледало на продавницата и купувачите од убавата слика веднаш се привлечени да влезат внатре.
8. Парчињата се направени да изгледаат помалку модерни
Дали сте забележале дека поголемите брендови како на пр. Зара носат нови парчиња на секои 2 недели? Најпрво потрошувачите купуваат нешто што е во мода, а потоа со новите донесени (а речиси исти) парчиња ве прават на купеното да гледате како да е демоде и ве тера да побрзате да ги купите новите ‘во тренд’ работи.