3 причини зошто толку многу ви се јаде чоколада и како да ја намалите желба за истата
Желбата за еден одреден тип на храна не е воопшто нешто невообичаено или ретко. Најчесто се посегнува по намирници кои се богати со шеќер и масти како што е на пример чоколадата. Во продолжение прочитајте што означува преголемата желба кон чоколадата и благото и како да го решите тој проблем.
1. Потреба за шеќери
Ако ви се јавува желбата да каснете чоколада или слично благо, можеби едноставно на вашето тело му се потребни шеќери. Но, имајте во предвид дека бројните истражувања покажале дека шеќерот создава зависност, па консумирајте разумно и во ограничени количини.
2. Гладни сте
Кога вашето тело е гладно се јавува потребата од консумирање едноставни јаглехидрати, кои токму се наоѓаат во рафинираните производи како чоколадата, бонбоните, кексите, безалкохолните пијалоци и сл.
3. Ви се пие кафе
Чоколадата содржи мало количество на коефин, па можеби потребата од неа, всушност е потреба за кафе.
Како да ја намалите желбата за чоколадо?
- Кога ќе почувствувате потреба или ќе бидете гладни, наместо да посегнувате по чоколада, истата заменете ја храна богата со протеини или интегрални житарки.
- Апетитот за благо заменете го со една лажица мед или малку свежо овошје.
- Ако всушност станува збор за потреба од кафе, подобро напијте се кафе или шолја зелен чај, но не посегнувајте по чоколадни производи.
- Ако не можете да издржите воопшто без чоколада, строго избирајте темно чоколадо со минимум 70% како во неговиот состав.