Романтична, независна или сосема друг тип? Каква жена сте според кинескиот хороскоп?
Според Кинескиот хороскоп, постојат 4 типа на жени. Во продолжение пронајдете го вашиот знак според вашата година на раѓање и откријте на која група и припаѓате.
1. Романтична жена
Родените во годината на Коњот: 1990, 1978, 1966, 1954, 1942
Родените во годината на Тигарот: 1998. 1986, 1974, 1962, 1950
Родените во годината на Кучето: 1994, 1982, 1970, 1958, 1946
Романтичните дами често се на работ на емоционална катастрофа “благодарение” на студениот и аналитички ум, комбиниран со емоционалната душевност.
За овие жени од исклучителна важност е да се почувствуваат сакани и дека им е придадена важност. Не секој маж успева да ги следи во чекор, поради променливоста, а истовремено колку и да се романтичен тип, девојките во оваа група не веруваат во женските солзи.
2. Магнетна жена
Родените во годината на Стаорецот: 1996, 1984, 1972, 1960, 1948, 1936
Родените во годината на Мајмунот: 1992, 1980, 1968, 1956, 1944, 1932
Родените во годината на Змејот: 1988, 1976, 1964, 1952, 1940
Овој тип на жени не случајно се наречени “магнетни”, тие имаат способност секој да го натераат да ги следи нив и нивните правила, па макар истити се пркосат со рационалноста.
Хороскоп на македонски јазик
На изглед се олицетворение на женственоста, нежни и кршливи како стакло. Создадени за романтична љубов, мир и спокојство, тоа за нив е крајната цел.
3. Независна жена
Родените во годината на Свињата: 1995, 1983, 1971, 1959
Родените во годината на Зајакот: 1987, 1975, 1963, 1951
Родените во годината на Kозата: 1991, 1979, 1967, 1955, 1943
Потребата за внатрешна слобода не им дозволува на овие жени да се помират со просечноста, со сивиот начин на живот, туку се стремат за живот од високи идеали и големи сништа.
Овие жени својата независност ја покажуваат во секоја дадена ситуација, но истовремено покажуваат некоја мистичност.
4. Силна жена
Родените во годината на Петелот: 1993, 1981, 1969, 1957
Родените во годината на Змијата: 1999, 1989, 1977, 1965, 1953, 1941
Родените во годината на Бикот: 1985, 1973, 1961, 1949, 1937
Уште на прв поглед, овие жени пленат со силата и решителноста, кои од нив извираат како неверојатна енергија. Кон семејството, се однесуваат исто како и кон општеството- постапуваат со голема одговорност.
При романтична врска, се трудат да не ги забележуваат ситниците кои ги нервираат, а истовремено спремни се да опростат многу грешки, што воедно ги прави водечка фигура во врската.