10 работи кои веднаш треба да ги избришете од вашиот Фејсбук профил ако сакате да ја сочувате вашата безбедност
По скандалот на Фејсбук при кој податоците на 87 милиони луѓе беа загрозени, еве кои работи треба да ги избришете, доколку сеуште ја користите оваа социјална мрежа и не би сакале да се откажете од вашиот профил.
За зголемување на безбедноста на вашиот Фејсбук профил, избришете следните 10 работи:
1. Вашиот роденден
Имајќи пристап до датумот на вашето раѓање, измамниците можат полесно да пристапат кон вашите приватни работи, вклучувајќи ја и вашата банкарска сметка.
2. Вашиот телефонски број
Дали ви е удобно знаејќи дека сите, не само вашите пријатели, го знаат вашиот телефонски број? Ако не, избришајте го.
3. Фотографии од вашите мали деца
Во иднина, на вашите деца не би им било удобно да знаат дека постојат слики на Интернет од нив, кои сите може да ги гледаат.
4. Каде вашето дете оди на училиште
Светските статистики покажуваат дека бројот на сексуални престапници односно педофили се зголемил токму поради овозможениот пристап на информации да знаат каде се наоѓаат децата кога вие не сте до нив.
5. Вашиот шеф/ надреден од листата на пријатели
И тие како и останатите ваши пријатели можат да ги гледаат фотографиите од вашиот приватен живот, но истовремено и да ги читаат вашите коментари доколку некаде се кажале лош збор за вашата компанија.
6. Вашата локација
Иако повеќето не одолеваат да се тагираат и да покажат на сите каде се, со кого се и дека уживаат, сепак воопшто не е паметно секогаш да ја споделувате вашата локација.
7. Кога и каде ќе одите на одмор
Ова е отворена покана за крадците да го посетат вашиот дом.
8. Информации од вашата кредитна картичка
Нема ни потреба да се објаснува зошто тоа е многу лоша идеја, зарем не?
9. Слика од вашиот авионски билет
Со информациите од истиот, лесно може да се дојде до пристап на вашите лични информации.
10. Фејсбук апликацијата од вашиот телефон
Несвесно ја откривате вашата локација на овој начин.