Тоалетна школка ќе спасува милиони животи со навремено детектирање на срцеви заболувања
И покрај сите негативни статистики за овој век, без сомнеж дека денес во модерно време живеат иновативни и креативни умови кои се одлучни преку футуристички дизајни да го спасат човештвото. А ова е најновиот неверојатен изум!
Станува збор за специјална направа сместена на врвот од обична тоалетна школка која ќе ги мери срцевите отчукувања на човекот. А покрај тоа, ќе го следи крвниот притисок и кислород во крвта.
Овој најнов технолошки изум е дизајниран навремено да ги детектира и открива здравствените проблеми кај луѓето, особено за оние со потенцијални срцеви заболувања.
Секоја школка моментално поединечно чини 1700 евра, а целта на програмерите и истражувачите била да создадат направа која ќе ги открива заболувањата кај човекот уште пред да се појават симптомите.
Пронаоѓачите од Технолошкиот институт Рочестер во Њујорк, кои го измислија овој концепт, веќе ги дизајнираа и произведоа првите тоалетни школки и се надеваат дека на овој начин болничките статистики за пациенти со срцеви заболувања набрзо ќе опаднат.
Не само оние кои веќе се пациенти, туку и сите останати ќе можат школките да ги купат за својот дом.
Ова ќе ги намали грешките во проценката, за разлика ако луѓето користат некои други технолошки направи дома.
“Системот е вистински потенцијал кој опфаќа многу предизвици и ако успее, тоа ќе го преполови бројот на пациенти во здравствените установи”, изјвил тимот на пронаѓачи за медицинското списание ЈМИР Хелт.