Девојче стана Интернет хит со нејзината сирена-фризура, а сега и останатите родители ги споделуваат нивните идеи за училишниот “Ден на луда коса”
4-годишната Атлантис Кастиљо од Хјустон, Тексас за овој повод носеше фризура инспирирана од ликот на сирената Ариел, а откако нејзината објава стана вирален хит на Интернет, и останатите родители добија поттик да ги споделат фризурите на своите деца.
Април Кастиљо, креативната мајка на Атлантис, за нејзината сирена- фризура потрошила половина час, а откако споделиле слика од истата на социјалната мрежа Твитер, станале хит, а родители ширум регионот ги споделиле лудите идеи што ги носеле нивните деца на тој ден.
Погледнете како изгледа кога оригиналноста и креативноста навистина немаат граници: