7 лесни начини како да ги избришете брчките од вашиот граден кош
Кожата на телото и градите е подеднакво сензитивна како и кожата на лицето, но многу помалку внимаваме на градниот кож. Особено ја занемаруваме неговата хидратација и изложувањето на сонце и хемикалии, што доведуваат до предвремено стареење. Еве како да се справите со тамошните непосакувани брчки.
1. Развијте навика да спиете на грб
Спиењето на страна или на стомак предизвикува свиткување на кожата, а со самото тоа се појавуваат и брчките. Затоа избегнувајте ги овие положби, а се повеќе трудете се да заспивате на грб.
2. Негувајте го тој дел со домашна маска
Направете си едноставна маска од алое вера и нанесете ја на посакуваното место. Така оставете ја да отстои 20 минути. Овој релаксирачки третман ќе ја обнови кожата и ќе и овозможи доволна хидратација.
3. При туширање, спречете го водениот млаз од директно удирање во градниот кош
Кога се туширате, особено лоша идеја е ако водата е жешка и ја насочувате директно врз вашиот граден кош. На овој начин ги отстранувате природните масла од кожата, ја спречувате нејзината хидратација и така брчките се појавуваат.
4. Правете вежби за вашите гради и градниот кош
Со неколку склекови, зајакнете ги мускулите на градите и на овој начин забавете го процесот на стареење.
5. Носете ја вашата точна големина на градник
Со носењето на точната величина, ќе го спречите свиткувањето на кожата, кое пак доведува до предвремено појавување на брчки. А и вие ќе се чувствувате попријатно.
6. Дајте и на кожата кислород со нежно масирање на градниот кош
Масирањето на градниот кош ја стимулира и поттикнува циркулацијата на крвта, полнејќи ја кожата со кислород и притоа спречувајќи го процесот на стареење да се појавува предвремено.
7. Не го запоставувајте деколтето кога нанесувате крема со заштитен фактор
Подолгата изложеност на Сонце, им дозволува на сончевите зраци да навлезат длабоко во вашата кожа, а тоа доведува до нејзино брзо оштетување, бидејќи станува збор за многу осетлив дел. Затоа при нанесувањето на крема за заштита од Сонцето, не го заборавајте и овој дел.