72-годишна жена решила да си направи преобразба и еве како малите промени ја претвориле во сосема нова личност
Дона Хил има 72 години и е професор во Кармичел, Калифорнија. Целиот свој живот го посветила помагајќи им на останатите, при што на еден начин, се запоставила себе си.
Од таа причина, се пријавила во американското Тудеј шоу за комплетна преобразба и резултатите се неверојатни.
Во емисијата дошла со своите сестри Џој и Лин, кои нестрпливо ги чекале крајните резултати од преобразбата.
За потребите на емисијата, Дона за првпат го посетила и Њујорк. А во емисијата признала дека и никогаш ја нема бојадисувано својата коса.
“Никогаш не се досетив да ја бојадисувам својата коса, а мислам дека тоа би било забавно.”- му рекла Дона на стилскиот експерт Џил Мартин, а истовремено изјавила дека со преобразбата сака да изгледа помладо и дефинитивно послабо.
Експертите и ги исполнија желбите, а еве како изгледаше таа пред и по трансформацијата
Во емисијата учествувала и 31-годишната Џен Пен од Мичиген, а ова се нејзините резултати: